КолумниТОП

Зошто трескате глупости, дали вие воопшто знаете што е одземање на патна исправа???

ZNAE LI ZAEV ŠTO E ZABRANA ZA PREMIN NA DRŽAVNA GRANICA!?

Ima li sovetnici koi kje mu objasnat na premierot ZAEV ekonomistot da ne se meša vo pravo koga ne go razbira, a rakovodi so telo za radikalni pravosudni reformi po negov ličen terk!?

Pri nosenje na rešenie za odzemanje patna isprava se nosi i ZABRANA za premin na državna granica, pa so nea ne važi ni lična karta ni členska od izvidnički sojuz, ni bilo kakva patna isprava. Ednostavno, na mkd graničen premin se aktivira zabrana dokolku lice so ZABRANA pokaže bilo kakov biometriski dokument vo koj e sodržan JMBG na toa lice…

Jas od osloboduvanje od pritvor, na 14 juli 2017 imam ZABRANA za premin na državna granica. Nemav biometriska lična karta i ja dobiv zatoa što po USTAV mi sleduva, ne možam da se dvižam bez ličen dokument.

Patna isprava nemam voopšto oti e istečena dodeka bev vo ŠUTKA. Možam kako ČUDOVIŠTETO da preminam granica na eden od onie 70 divi premini koi ovaa opljačkana država so korumpirana izvršna i parlamentarna vlast ne može da gi kontrolira.

Dali tenderi i pljačka da teraat ili granici da čuvaat!?

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите за да се спречи бегство преку соседните држави?

По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување. Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е единствен документ за идентификација на обвинетите кои се слободни, односно кои не се во притвор, пишува „Независен“.

„Судот не може повеќе да одзема само пасош, мора да одзема и лична карта поради тоа што имаме соседни земји каде што патуваме само со лична карта. Одземањето на пасошот, заради неможност да се премине граница, не е доволно. Но треба да се промени законот и таму да пишува дека не само патна исправа, туку да се одземе и лична карта. Правниот систем работи и бара начин“, вели Заев.

Правните власти очигледно не предвиделе или не сакале да предвидат дека осомничените на кои им е одземен само пасошот можат да избегаат од Македонија само со лична карта, со оглед на меѓународните договори кои ги потпиша земјава во време на ВМРО-ДПМНЕ со соседните земји, како Србија, Црна Гора, Албанија, Косово.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.