Колумни

ЗОШТО СЕКОЈ СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАСЛУЖУВА “СЛОБОДНА” ИЛИТИ ГОДИШНА КАРТА ЗА ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

ОШТО СЕКОЈ СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАСЛУЖУВА “СЛОБОДНА” ИЛИТИ ГОДИШНА КАРТА ЗА ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Интересни се реформиве во образованието, понекогаш и факултетска диплома и високо научно звање не ти се доволни да ја разбереш смислата , а камоли полезноста од нив.
Една од мерките на овие “високо-научно-осмислени реформи” е и онаа која се однесува на субвенционирање на јавниот градски превоз за средношколците на подрачјето на град Скопје. Ако истата се обидете да ја разберете т.е. да утврдите која е целта на истата со користење на сите можни методи на резонирање: индукција, дедукција, ладни облоги, чекан итн, доаѓате до еден заклучок : ” KАКО ДА СЕ ИЗДАДАТ ШТО ПОМАЛКУ КАРТИ Т.Е. КАКО ДА ЗАШТЕДИМЕ ШТО ПОВЕЌЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ”.
Драматизација: Се одвива во училница на едно Скопско средно училиште:
Професорот: Деца кој живее блиску до училиштето?
(Ова го прашува без да наведе зошто, а дете ко дете што знае што е тоа “Игмански марш”, згора на тоа и тазе средношколец ко од топ, небаре одговара за оцека и е сигурно во петката што ќе ја ќари…)
Дете (т.е. 15 од нив): JАС!
Професорот (во стилот на Круела Де Вил): прекрасно, Вие нема да добиете слободни за градски превоз.
(во себе самозадоволно се смешка и ги трие рацете велејќи си; годинава добро заштедивме, ќе може да набавиме нови палми оти за старине беше крива зимата. Овојпат сигурно ќе се фатат).
И сега можете ли да го замислите изразот на лицето на дете кое првото чувство што го споделува во неговиот нов втор дом е огромното самозадоволство од можноста да и помогне на државата да заштеди 10ЕВРА месечно од неговата слободна. Верувам дека ова трауматично искусто, затоа што нема да добие шарена картичка за “убавите” двоспратни автобуси како и другарчето во клупата до него, во психолигијата па и во психијатријата ќе развие нова научна дисциплина за третман на овој вид на трауми. И веднаш ви паѓа на ум дека тоа и не е така лошо за економијата, па вака ќе се отворат и нови работни места за научните работници кои ќе работат на овие трауми. Уште подобро ако е странска инвестиција. Може дел од овие трауми да ги пренесат и во своите земји па да видат децата таму како живеат нивните врсници во Македонија, па ќе им се закануваат “ако не учиш добро ќе ти ја одземеме слободнатa”.
А децата? Што бе децата? За една мала траума? Млади се ќе им помине, па видете само колкави се заштедите и колкав е бенефитот за економијата ! Годинава ќе има економски раст од 0,0000000000000001%.
Сакаш на момент да најдеш и самиот нешто позитивно во оваа трауматична теорија и си велиш: абе ајде детево ми е на 20 минути пешки од школо (добро де, ако малку потрча од време на време). Не е тоа страшно, татко ми пред 50 години кога имало само 2 автобуса во цела Македонија да не имал слободна? Секој ден 7-8 километри натаму наваму. Сега е 21 век, па децава треба да се понапредни и у тоа нозете од оние од минатиот век.
Но колку и да сакаш да се убедиш дека тоа е така сепак едната непрегорена ќелија од сивата материја те враќа на прав колосек, и повторно тргнува лавина на сомнежи.
Чекај, 20 минути пешки во сезона пролет – лето. Што правиме со зимата кога ќе почнат дождови и снегови. Овие 20 минути сигурно ќе се претворат во 40! Што со другите вон-наставни школски активности, секции? Зарем неколкупати дневно ќе пешачи 30-40 минути? Ако падне договор да се соберат да учат кај другарчето од Карпош по часови, зарем некои нема да можат да одат затоа што немаат 20 денари за автобус? Зарем оние што живееат подалеку слободните ќе ги користат само на релација училиште – дом, а не и за други потреби?

Па ако може за пензионерите (со секоја почит кон постарите сограѓани) да не е битно колку далеку живеат од пазарот, болницата, ски патеките или крстот, а некои од нив кои кога одат на пазар иако живеат над него седнуваат на автобуската од карши зашто вака многу брзо би стигнале до одредиштето, повеќе од сигурен сум дека: ” СЕКОЈ СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАСЛУЖУВА СЛОБОДНА ПА МАКАР ЖИВЕЕЛ И ВО УЧИЛИШТЕТО”. ,
Тие се нашата иднина и треба да шетаат и да другаруваат, да спортуваат , да го запознаваат својот град, да крадат насмевки и погледи едни од други, и верувале или не, во ова невреме во кое парите се отепувачка таа малечка шарена карта може многу да помогне.

Смрт за реформите ! Слободни за средношколците!

 Фотографија на Saki AG.


Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.