Забава

Зошто Филипче и Заев не се вакцинираа?

Каков пример даваат министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев откако започна вакцинацијата на населението против КОВИД 19, тие не се меѓу првите кои што ја примија вакцината, и дали граѓаните и медицинскиот персонал служат за експеримент, се прашања кои деновиве ги поставуваат граѓаните револтирани од целокупната ситуација.

Имено, додека во другите соседни држави први кои што се вакцинираа беа министрите за здравство, шефовите на државите, но и претседателите на владите како знак на охрабрување, но и влевање на доверба кај граѓаните дека вакцините против КОВИД 19 се исправни, во Македонија, прв што ја прими вакцината беше доктор примариус инфектолог Добринка Наунова Јовановска.

Министерот Филипче не го следи примерот на своите колеги од соседните држави и регионот, но и мислењето на премиерот Заев кој рече дека од политичарите прв треба да биде токму министерот за здравство.

„Првин треба да се вакцинира здравствената Комисија, нашите херои лекари, медицинските сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Од политичарите веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам веднаш по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните што побргу сите да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече денеска Заев на прес конференција.

Ова отвора сериозен сомнеж колку вакцините се исправни и дали министерот Филипче и премиерот Заев се плашат од вакцинација? Но, одговор на ова прашање ќе добиеме веќе по доаѓање на втората пратка на вакцина во државата, за која министерот Филипче вети дека ќе се вакцинира.

За потсетување на јавноста, пред неколку дена пристигнаа 4630 вакцини на Фајзер за Република Македонија од Србија, а ќе можат само 2315 граѓани да се тестираат. Иако министерот Филипче рече дека склучиле договор за набавка на 200.000 кинески вакцини и дека ќе пристигнат после кинеската Нова година која е на 18 февруари, се уште нема ништо.

Но, ништо ново кога станува збор за промена на датумите, нема да биде прв пат министерот Филипче исто како Заев да се само демантира кога станува збор за пристигање на вакцините, односно вчера во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, рече дека кинеските вакцини ќе пристигнат до крајот на месец февруари.

Но, колку може да му се верува, со оглед дека пред само една недела откако се потпиша договорот за 200.000 кинески вакцини Жаклина Чагоровска од Националниот електронскиот систем Мој термин буквално ја разобличи лагата на министерот Филипче изјавувајќи дека не е познат датумот кога ќе пристигнат овие вакцини

„Се уште не е познат, јас ја немам таа информација, но сите се надеваме и се подготвуваме дека во многу брзо време ќе пристигнат и ќе започнеме со вакцинирањето“, вели Чагоровска./Kurir.mk



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.