Јавна тајна е дека во затворите телефоните се продаваат од вработените во затворот, цената е околу 200е за телефон, кој потоа ти го конфискуваат и пак ти го продаваат на секои 2-3 месеци?!?!
Ако се знае дека во земјава има околу 5 000 затвореници ширум земјава тоа се 1 милио евра годишно црн пазар на телефони со што се отежнува и онака тешкиот живот на затворениците кои плаќаат цена за својата грешка со тоа што не ги гледаат своите семејства, немаат извор на приходи, живеат во ужасни услови па уште и финансиски се цедат нивните семејства за да може да имаат телефон за да им помине денот во ќумезите?!
Зошто државата им забранува да имаат телефон?! Тоа е како порано да си имал книга, весник, телевизор, радио, тоа е напад на психата на луѓето, зошто не се променат законите во овој дел и не се олесни животот на луѓето и не се избрише црнот пазар тежок 1 милион евра годишно?!
