Занимливости

ЗОКИ САКАЛ НЕГОВ ЏОИНТ ДА СЕ ПРОДАВА ПО КАФИЧИТЕ ОБВИНУВААТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО БИЛКА

И САМО НЕГОВ ИНАКУ АПС

Иста цел, различни ставови. Додека Зоран Заев и владата се обидуваат да ја легализираат марихуаната за нивни приватни и угостителски објекти на нивни блиски луѓе, од Здружението за канабис и зелени политики “Билка” имаат сосема друг став за истата тема.

По изјавата на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, дека владата размислува за легализација на марихуаната, со цел да се стимулира туризмот и економијата, со реакција се јавија од Здружението за канабис и зелени политики „Билка”.

“Она во што се сомневавме и на кое се противиме полека се остварува. Планов ни е од лани познат само нашите информации велеа Скопје, Струмица и Охрид. Начелно нема ништо лошо да се легализира и продава во локали, но моделот е многу важен. И легализацијата на канабис во медицински цели е добра идеа па видовме како тоа заврши, со воведување екстремно високи услови со цел ограничување на пристапот.” – изјавија од “Билка”.

  • “Ние сме загрижени дека ќе ја гледаме истата приказна”.

“Воедно круцијално прашање е дали граѓаните ќе може да садат дома? Внимателно прочитајте ја реченицата “потеклото на канабисот„ ова нам ни укажува дека нема да се дозволи садење дома туку легално ќе може да си купиме само од НИВ, во спротивно пак ќе бидеме апсени и третирани како криминалци. Нека им служи на чест на владините невладини кои учествуваат во вакви бљувотини. ОТПОР! – велат од „Билка“.

Од друга страна пак, ставот на премиерот Зоран Заев во интервјуто на Дојче Веле е следен:

“Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, изјави Заев за Дојче Веле.

„Верувам, за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места.” Неговата проценка е дека овој проект може да им помогне и на угостителската дејност, но и на туризмот генерално”. – тврди Заев.

“Од мај 2016 година, кога беше донесен Законот за опојни дроги, па до мај 2018 година биле издадени само пет лиценци за одгледување канабис и две лиценци за екстракција. Затоа, пак, само во 2019 година, според него, владата издала 31 лиценца за одгледување на канабис, а дваесетина други се во постапка и чекаат одлука од владата. Во истиот период, како што тврди бившиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев, се издадени уште две лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци, како што вели, се поврзани со СДСМ.” – тврди Јанушев.

Дел од тие фирми се, ГМ ЛАЈТ ДОО – Скопје, БЛЕК ГЛОВ СОЛУШНС ЛТД, КРИКАМАРА ИНВЕСТМЕНТ ЛТД, КАНБИО МЕДИКАЛ ДОО – Скопје, ГРЕЕН МЕДИЦАЛ ДОО – Кавадарци, МАЦЕДОНИА ГРОВВТХ ИНВЕСТМЕНТС ИНЦ, МАР МЕДИКА ДОО – Куманово, КВАЛИТЕТ-ПРОМ од Куманово, трговија и услуги УПМ – ГРУП ДООЕЛ – Куманово, ЦБД МЕДПЛАНТ ДОО од с. Борисово, ЛИФЕ ПЛАНТ ДОО од Струмица, прилепската фирма ГРЕЕН МЕДИКАЛ, ЊУ ГАРДЕН ФАРМА од Скопје, ЕНДО КАНА ДОО – Старо Нагоричане, КРУШЕВО ВЕЕД ИНТ ДОО – Скопје, АНГО ДООЕЛ – Скопје, ФРСТ МЕДИКАЛ КАНАБИС – Битола.

Да потсетиме дека за време на вонредната состојба во Република Македонија биле исто така доделени две лиценци од страна на СДСМ на 12-ти мај 2020 година на фирмите „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица.

“СДСМ на 12 мај 2020 на седница на Влада додели лиценца на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, како да е најголема мафија организирана околу струмички картел. Двете фирми се поврзани меѓу себе. Во „Еко Енерџи-Космос” управител е Перо Стојчев, син на Боро Стојчев, кадар на СДСМ и Зоран Заев, осуден (читај спасен од Заеви) за шверц на цигари и поранешен градоначалник на Ново Село, а еден од сопствениците е Христијан Котев. Во другата фирма „Лајтинг Лукс” сопственик и управител е Славица Котева, инаку крвно поврзана со еден од сопствениците на „Еко Енерџи-Космос” (Христијан Котев).” – тврди Димче Арсовски.

Дали оваа одлука на Владата на Заев за легализирање на канабисот ќе стапи на сила бидејќи од инвестицијата во маслото од канабис за извоз од Македонија не им се врати? Дали тие лиценци за 15-20 угостителски објекити во Скопје и Охрид ќе им бидат доделени на луѓе блиски до власта, а ќе им се врати и инвестицитијата на оние кои вложија милиони евра во производството на марихуана?

Од здружението „Макканабис“ кое се бави со производство на канабис, поради големите залихи на сув цвет од канабис кој во моментот не може да се извезува, бараа итно донесување на законот за опојни дроги и психотропни супстанции. Тој беше повлечен од собраниска процедура по реакциите на опозицијата дека се носи за лични интереси на семејството на премиерот Зоран Заев и негови блиски луѓе.

„Таа роба не може да чека, таа мора да се екстрахира. Тоа е органско добро, цветот не може да чека. Секојдневно ние губиме се повеќе и повеќе, ако ни стои во магацинот и ни стои во залиха. Затоа го бараме ова“, вели претседателот на здружението Макканабис“, Костадин Дуковски.

Според ова, дали вреди за “уживателите” на канабисот да можат да консумираат само во мал дел од угостителските објекити низ целата држава? Зошто да не се легализира канабисот низ целата држава, туку само во Скопје и Охрид? Зошто само фирмите кои припаѓаат на луѓе блиски на Заеви да профитираат од овој бизнис? Дали ваквото “легализирање” на марихуаната ќе доенсе додадена вредност за “уживателите”?

Доколу сето ова се реализира, значи дека ќе се воведат Aмстердамски цени на канабисот, односно Заев и блиските луѓе околу него би профитирале многу од овој бизнис… со други зборови, за тие што сакаат да консумираат марихуана легално на крајот на краиштата повторно нема да се исплати. Би се исплатело, да, за странски туристи, но не и за македонските граѓани кои пак ќе се кријат од “Алфите”.

Пишува Н. П-А.



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 23:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.