МакедонијаТоп3

ЗОКИ ПОЛУДЕ ЛИ БАТО ГИ ПРОДАДЕ И ВАТАШКИТЕ ДЕЦА И СВЕ ЖИВО, АМАН ЗЕМИ ДРОГИРАЈ СЕ СМИРИ СЕ…

Југославија не држела? Господине Заев вас не ве држи умот кога го зборувате тоа. Како можела да не држи една држава? Значи според вас ние сме биле окупирани од југословенските народи, а не од бугарскиот фашистички окупатор. Ако не сте учеле историја и ако твоето семејство било со бугарскиот фашистички окупатор и против формирањето на ФРЈ, тогаш значи не знаете и не сакате да признаете дека Југославија беше творевина на рамноправна основа на сите југословенски народи, а не на Тито. За формирањето на таа држава загинале околу 30000 македонски младинци и вие сега ќе зборувате дека Југославија не држела? Па тогаш бевме поголеми и погорди македонци од било кога, а не како сега со свиткана кичма и со страв дека ќе го изгубиме тоа што сме го имале тогаш. Господине Заев, вие сте срам за македонскиот народ и што поскоро си заминете од македонската политичка сцена, толку помали ќе бидат последиците за вашата иднина.

Хахахахаха, хохоххо, хахахахах, а тамам му снимија емисии големите новинарски бардови дека заеБ бил победник во преговорите, сега заеБ ги пушта Титољупците низ вода.
На цела мака, ваквите вести ми даваат добро расположение и душевен спокој. Поради две причини: прво, новата Република ќе ја градиме скроз на ново, второ, комплетно расчистивме ние внатрешно кои сме и што сме, кој од каков материјал е направен.
Внимание што вели муртињо:
„Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата“

БУГАРИЈА НЕ Е ФАШИЗАМ, ТУКУ НАШ ПРИЈАТЕЛ, ЈУГОСЛАВИЈА НЀ ДРЖЕШЕ РАЗДЕЛЕНИ, ВЕЛИ ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „БГНЕС“

БУГАРИЈА НЕ Е ФАШИЗАМ, ТУКУ НАШ ПРИЈАТЕЛ, ЈУГОСЛАВИЈА НЀ ДРЖЕШЕ РАЗДЕЛЕНИ, ВЕЛИ ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „БГНЕС“

Премиерот Зоран Заев кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели, во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“. Заев тврди дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

„Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата“, кажа Заев во интервјуто.

Окупаторот Бугарија „администрираше“ со Македонија од април 1941, веднаш откако нацистичка Германија ја освои Југославија, па сè до септември 1944, кога Црвената армија почна да навлегува на бугарска територија. Тогаш во Бугарија се случи преврат и ја смени страната, објавувајќи ѝ војна на Германија. По војната, Бугарија како агресор беше задолжена да ѝ исплати 25 милиони долари (360 милиони денешни долари) воени репарации на Југославија, но во 1947 година Тито, за кого бугарската министерка Екатерина Захариева вели дека бил мрачен диктатор, им ги прости репарациите на Бугарите.

Македонскиот премиер понатаму во интервјуто за „БГНЕС“ вели дека политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивш Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?“, прашa Заев и уште еднаш повтори дека Југославија нè разделувала.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.