Живот

Зоки – „Фаци“ заврши в болница: Познатиот естраден новинар и ТВ водител на пластична хирургија, но не заради естетски зафат имал тумор

ПОБРЗО ОЗДРАВУВАЊЕ МУ ПОСАКУВАМЕ ОД ДОКАЗМ

Зоки – „Фаци“ заврши в болница: Познатиот естраден новинар и ТВ водител на пластична хирургија, но не заради естетски зафат (ФОТО)

Контроверзниот македонски естраден новинар и познат ТВ водител, а во последно време и локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки – „Фаци“ заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија. Многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници не бил во право.

Не била во прашање никаква естетска корекција, никаков хируршки зафат за разубавување или корекција на одреден дел или орган на телото заради естетско-функционални причини, туку заради здравствени.

Иако Фаци онака како што дал Господ „откачен“, објави неколку фотографии уште од болничката постела, правејќи шега на сопствена сметка од типот: „Близнаци… која сака може да честита“, работата испадна дека не е нималку шеговита и смешна, туку напротив – мошне сериозна. 

Имено, по враќањето дома Зоки се јави со видео на приказните на својот Инстаграм профил и потврдувајќи го престојот в болница и хируршкиот зафат кој му бил извршен, обзнани дека му бил отстранет тумор на ногата. За каков и колку сериозен тип се работи, остана тајна во доменот на медицинската дијагностика.

Содржината продолжува после огласот

Сепак едно е сигурно, тој сега се чувствува добро, има само мали болки, што се нормална појава по постоперативниот зафат и полека закрепнува.

А шегата…? Неа ѓаволот ја однел, како што се надеваме и дека ќе ја однесе и дијагнозата на познатиот естраден новинарски ТВ лик, кој во домашни услови закрепнува од операцијата. Нека е со помин!

Фото: Фејсбук принтскрин/Zoran Faci Vasilevski



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.