ЗабаваСекс

„Змија да те апне или зебра да те бапне?“ (ФОТО)

За дамите од македонската естрада, животински принт е во мода: „Змија да те апне или зебра да те бапне?“ (ФОТО)

Лето е, па да не се соблечеш по костим за капење, исто како летото да не дошло или да те одминало. Затоа дамите од домашната естрада решија да го покажат она што наголемо го подготвиле уште од претходно – новите модели на костими за капење. Или можеби по некој стар, кој совршено се вклопува во трендот. А, трендот вели дека во мода кај нас се бикини со животински принт!

Леопард, змија, зебра… или некоја друга дива ѕверка, важно е костимот да ти е по мерка. Добро да ти прилега, секси да ти стои, да ти ги истакнува природно-вештачките облини и што битно, твоите бикини да се во склад со она што е модерно. Останатото е сеедно…

Него и онака ќе го впијат илјадниците машки погледи и она што во твојот костим за капење удобно сместено лежи, а кој не те видел во живо, ќе те види на социјалните мрежи!

Леопардот по се изгледа е најбарана ѕверка ова лето? Или можеби  е јагуар, во чиј принт со полн жар својот телесен дар го сместија најзгодните македонски дами.

Марјана Станојковска, скопската лото убавица прва ги покажа шарите на дивата ѕверка на својот костим за капење, па предизвика куп причини за муабети и лафење…

Висока, згодна, стројна и бујна, оваа убавица е вистинска дива мачка, па затоа и ваквиот принт на нејзините бикини совршено и прилега за покривање на нејзините облини.

На Александра Накова истиот принт совршено добро и лежи, па костимот за капење и таа го изрекламира на социјалните мрежи. И на неа како и на лото девојката, леопардовата шара совршено и прилега, особено што истата со секој нов ден се’ повеќе се претопува со нејзиниот исончан темен тен.

Затоа погледот на силиконската гевгелиска дива мачка на многумина ќе им го разубави денот, без оглед дали Накова е соблечена на песочна плажа или крај базенот.

Но, изгледа дека само дивите мачки не се во мода, туку за одморот покрај вода, подеднакво атрактивна е и уше некоја животинска шара. Да се вратиме на Марјана Станојковска која како што змијата ја менува кожата и таа го смени бикинито со шарите на дивата мачка, со она во вид на змијска кожа.

Испружена на работ од базенот, на социјалните мрежи одново предизвика „пожар“ каде паѓаа облози дали е принтот на бикините во кои Марјана изгледа подеднакво добра, е од боа, питон или кобра?

Но, не ја избра само Марјана змиската кожа на својот костим за капење крај отворениот базен, туку со ваквиот дезен се пофали уште една македонска позната мачка, овој пат фолк пејачка.

Ирена Спасовска очигледно исто така добро знае што е во мода, па за оваа пригода се фотографирала во костимот со истиот змијски дезен. Можеби не е некој бренд од типот на „Луј Витон“, ама затоа со гаранција во прашање е питон… Кога се работи за принтот, секако!

Кога сме кај пејачките и кавадарчанката Наташа Малинкова за капењето во Охрид облече костим каков што доликува – со животински принт! Од страна гледано најмногу наликува на шара на зебра, иако, гаранцијата не ни е 100% цврста, зашто можеби  припаѓа и на некоја друга животинска врста.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИИНСТАГРАМ/НАТАШАМАЛИНКОВА

Затоа пак она што на себе го носи Сузана Турунџиева 100% е  мини бикини со принт на зебра, на кое не може да му се најде маана, иако битолчанката не е соблечена на плажа, туку во теретана! Или во некаква спортска сала, во која се поти среде летните горештини, демонстрирајќи ги своите боксерски вештини.

И балканската мисица, македонска убавица, топ модел, пејачка во обид… Кристина Димитриевска покажа дека удобно се чувствува во сопствената кожа, прекриена со принт на дива мачка. До душа не е костим за капење во прашање, ама сеедно…

И под тенкото проѕирно секси боди и под свилениот раскопчан пењоар со леопардова шара, има и што да се види и што да се бара!

И кога се’ ќе соберете, од она што  нашите убавици од јавниот живот го прикажаа со своите бикини во оваа пригода, излегува дека животински принт е во мода!

Патем, повеќето од нив се слободни, па ако случајно или намерно налетате некаде на нив, внимавајте што правите… „Леопард да те гризне, змија да те апне или зебра да те бапне?“… Изборот е ваш!

Фото: Инстаграм принтскрин



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.