Колумни

Златев на фб: Ја подржав Ивона Талеска за гаќите, а таа сега не сакаше да ми го подржи случајот

Во изминатите две недели имав два немили настани.

Во изминатите две недели имав два немили настани.

Прво бев нападнат од обезбедувањето на Јордан Мијалков а завчера добив кривична од ОЈО за оддавање на службена тајна.

Добив поддршка од многу читатели, колеги, политичари и поддржувачи. Дури и претседателот на државата Стево Пендаровски ме поддржа, а ме поддржа и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

Особено ми е драга поддршката од еснафското Здружение на новинари (ЗНМ), но и од Синдикатот на новинари. Ова ми значи, ако се знае дека овие две организации ја надминаа суетата па и покрај тоа што во минатото сме имале несогласувања, сега излегоа во пресрет без никакви калкулации!

Не ме поддржа само Македонската асоцијација на новинари (МАН), која е предводена од Ивона Талевска и Драган Павловиќ – Латас.

Ова е очекувано, ако се има предвид дека медиумите на Талевска и Павловиќ се финансиеани директно од Мијалков и неговите кладилници МаксБет (видете банери) . Не можам ништо друго и да очекувам, на овие луѓе секогаш парите им биле поважни од било кој принцип.

Пуштаа соопштенија и сите како мрднати ги браневме кога затајуваа данок за гаќи, за сега да ги снема целосно. Ама еве, си знаеме сите дека таа организација е обичен фантом и ја сочинуваат само двајца луѓе и еден лаптоп.

Во овие моменти за принцип се обединија и најголемите непријатели па добив поддршка и од Геро и од Миленко, кои никако не можеш да ги ставиш во ист кош…

И лево и десно се обедини за принцип, а на страна останаа само платениците!



Македонија

Заболени
89,463
+71
Мртви
2,739
+13
Излечени
74,800
Активни
11,924
Last updated: 20/01/2021 - 20:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.