КолумниТОП

ЖИТО МАРКЕТИ СЕ ПРАВАТ ХУМАНИ, А ВАМУ МАЛТРЕТИРААТ ВРАБОТЕНИ

Само што го добив ова во инбокс и бев замолен да го објавам од вработен во Жито Маркет

За што се работи Имено во фебруари имавме состанок на кој ни беше кажано дека платата ќе ни биде покачена за 2000 денари. Во март месец кога почна ова со корона вирусот јас иако можев да ги користам мерките на владата бидејќи сум дијабетичар тоа не го направив и продолжив да одам на работа . Сите ние вработените одевме еден саат порано на работа и останувавме плус еден саат после работно време. За овој вложен труд требаше сите ние да добиеме плус 20% бонус. На 23 март не се осеќав најдобро ме болеше кичмата и отидов кај матичниот лекар и отворив боледување Матичниот лекар ме предупреди дека имам и дијабет и дека имам право да ги користам мерките на владата После 7 дена кога ми заврши боледувањето однесов потврда на работа дека имам Дијабет Тип 1 и дека ќе ги користам мерките што ги донесе владата И што се случи После исплата на платата за месец март ниту го добив ветеното покачување од 2000 денари ниту бонус од 20% Одговор зошто немам покачување на плата не добив а во врска со бонусот добив одговор дека тој ќе го добијат само тие што оделе редовно на работа Да напоменам дека јас до 23 март одев редовно на работа одев еден саат порано на работа и останував еден саат плус после работно време како и сите други вработени И сега Ве прашувам сите Вас дали ова по Вас е во ред ? До кога приватните газди ќе го користат трудот на работниците? Знам дека после ова може да добијам отказ но сепак сакав со јавноста да споделам во каква состојба се наоѓаат работниците во приватниот сектор.

„Жито маркети“ донираа милион денари на Министерството за здравство



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:26 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.