МакедонијаТОП

Жито лукс? – Не, благодарам. (όχι ευχαριστώ!)

Жито лукс? - Не, благодарам. (όχι ευχαριστώ!) ФУНКЦИОНИРА (и покрај евтините трикови)

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 22:41 (+02:00)

Фотографија на Krum Velkov.

Според сите информации што доаѓаат до мене, бојкотот на производите на Жито Лукс функционира и дава резултати по неколку основи. Во маркетите се забележуваат сѐ поголеми количините непродаден леб, вклучително и на белиот сечен, кој најмногу се трошел. Во некои продавници рафтовите на Жито Лукс се сосема празни, но не затоа што лебот се распродава, туку затоа што нарачките на леб се многукратно намалени поради бојкотот. Пример, продавач во фреквентна продавница во населбата Ѓорче Петров во Скопје тврди дека бојкотот е голем и дека нарачуваат десетпати помалку леб од Жито Лукс од порано. Затоа, пак, повеќекратно е зголемена побарувачката на леб од македонски фурни.

Друго, добив фотографии на леб од Жито Лукс, спакуван во хартиени пакувања, на кои пишува Република Македонија. Или се работи за стари пакувања, кои сега се пуштени во употреба, или пак менеџментот на компанијата се обидува да ни продаде евтин трик. (И тоа е доказ дека бојкотот е жесток).
Не наседнувајте, не го купувајте ниту тој леб и продолжете со целосен и масовен бојкот на сите производи на Жито Лукс: Или ќе го вратат зборот МАКЕДОНИЈА во сите документи и преписки кон внатре и надвор (и на сите пакувања), или ќе банкротираат. Нема средно решение и не може да има.

Кога Жито Лукс ќе банкротира, ветувам дека ќе се потрудам да се дознае пошироко зошто една голема грчка компанија банкротирала во земјата Македонија. И ќе биде добар пример и показ дека овде има исклучително самосвесен народ, кој знае да се штити. И добро предупредување ќе биде.
Исто така, некои луѓе ме информираа дека подготвуваат листа на производи кои би се бојкотирале од исти и слични причини. Ќе го видиме и тоа.

Бришеш – те бришам!

#БАНКРОТИРАЈ

Фотографија на Krum Velkov.

Фотографија на Krum Velkov.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker