Балкан

,,Жена од Султана“ проговори за ситуација: Го изгубив станот во центарот

Пејачката Тијана Милентијевиќ минатата година ја објави песната „Жена на султанот“, која стана голем хит, сепак, токму во тој период започна  вирусот, што ја спречи да настапи и да заработи пари.

Нејзината песна стана препознатлива насекаде на овие простори, како и пошироко, а на Јутјуб има голем број прегледи и наиде на воодушевување во јавноста.

Како и скоро сите нејзинит останати колеги, паузата од настапувања и пеење остави голем белег во нејзиниот живот, но на финансиски план.

Тијана призна дека оваа состојба има значително влијание врз нејзината финансиска состојба и дека останала без стан во центарот на Белград поради пандемијата.

– Изгубив многу поради ситуацијата. Кога сè ќе се пресмета, еден добар стан во центарот на градот. Не жалам. Имам песна што секој пејач ја посакува во својата кариера.

-Тоа е мојата лична карта. Но, повторно започнавме да работиме, имам нова песна и се надевам дека наскоро ќе надокнадам за сето тоа и дека ќе си купам стан – изјави пејачката за „Српски телеграф“.

Тијана исто така призна дека верува дека естетските процедури и помогнале во кариерата, и откри дали завршила со нив или ќе продолжи.

– Секако тоа ми помогна да дојдам до израз. Физичкиот изглед е многу важен во овој бизнис. Сите опер ации што ги направив прво ми помогнаа лично.

-Јас сум некој што сака сè да биде на своето место, вклучувајќи ги и лицето и телото – изјави пејачката за српски Телеграф.

– Го направив тоа што сакав да го сторам. Тоа се моите усни и гради. Мислам дека не претерав во тоа, но не планирам повеќе да правам ништо на себе – заклучи Тијана.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.