Живот

Жаре Бербер: Ме затворија во Германија зошто отидов без дозвола

Жаре Бербер е еден од нашите најпознати пејачи кога станува збор за ноќните забави. Жаре е секогаш искрен во јавноста па таков беше и во емисијата „Уште ми фалиш“ со Александар Митевски и со Драган Спасов – Дац.

Жаре раскажа дека го викаат бербер затоа што навистина бил и фризер и бербер. Дел од интервјуто во емисијата, тој навистина го шишаше Дац.

„Многу си обраснал брат“, му рече Жаре на Дац. „Ќе те шишам, ама со тебе не сум на чисто, не знам дали ќе платиш“. Жаре раскажа и дека идол му бил Зддравко Чолиќ.

„Неав пари за карта кога пееше на Кале, па го гледавме низ едно прозорче замаглено кое го бришевме. После не удри пендракот на ца јканот и заврши славата“.

„Сум живеел, егзистирал, хранел фамилија од берберлук. Јас сум ти брат момче коешто се посвети во тие млади денови на бербелукот.

Во погрешен правец забегаа некои во фризерајот, јас се вратив пак на бербелукот, си викам подобро да си останам тука да си бидам од тие што гледаат во иднината“, му рече Жаре Бербер на Дац додека го подготвуваше да го шиша.

Потоа се пофали дека во 1989 година има добиено државна награда во тогашна Југославија.

„Чирачките денови ми поминаа во Карпош 4. Работев во убавиците како чирак, таму почнав со метлање на 12 ипол, 13 години.

Јас детство не сум имал. Сум имал некој период, ама се било борба за живот“, рече Жаре. Други деца станувале наутро, чоколино, медолино, цртани филмови, кај мене беше поинаку. Клоцата у гс и на работа!“

Потоа раскажа како без возачка дозвола одел во Минхен за да швцерцува козметика:

„Тргнав без возалка дозвола, и замисли германецот ми побара возачка дозвола. Другарот ми ја даде од брат му дозволата“, раскажа Жаре.

Кога видел полицаецот дека возачката не е негова се случила драма:

„Дојди со мене. Два дена при твор, документи, адвокат, преведувач“, раскажа пејачот на кој идол му бил Здравко Чолиќ. Иако во младоста немал пари за карта да го гледа Здравко, Жаре се снашол.

Додека Чолиќ пеел на Кале во СКопје, тој и другарите го гледале од замаглено прозорче, кое го бришеле за да го видат Чолиќ од блиску.

Жаре одговараше на многу интересни прашања. Па така, на прашањето што е тоа играње „пиперевка“, Жаре вели:

-Пиперевка е нешто коа си зезнал работа и дома жена ти те испрашува, а ти дткаш и не знаеш шо да одговориш. Жарко одговори и на многу други деликатни прашања, а видеото можете да го видите ТУКА



Македонија

Заболени
101,214
+582
Мртви
3,111
+13
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 25/02/2021 - 20:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.