Македонија

Зголемени платите на Виктор Mизо, Висар Фида и нивните заменици

direktori_na_tirz1-670x375

Виктор Mизо, Висар Фида и нивните заменици ќе добијат нови, поголеми плати од овој месец, откако владата на 5-ти октомври го смени правилникот за плати на функционерите, објави Телма.

direktori_na_tirz[1]

Како што е објавено во Службен весник директорите на Дирекцијата за технолошки и развојни зони- и на Агенцијата за странски инвестиции, ќе добијат поголеми плати за половина просечна плата, или за околу 11 илјади денари повеќе. Актуелните директори Мизо и Фида досега земале по 3,1 просечна плата, односно 68 илјади денари. Владата им ги зголеми платите на коефициент од 3,6, односно новата месечна плата што ќе ја земаат е речиси 80 илјади денари.

На заменикот на Мизо, Асип Усеини платата ќе му скокне од 57 на 77 илјади денари. Најголем скок во платата, за 50 проценти ќе има заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции. Досега таа плата изнесувала 2,3 просечни плати, а сега по коефициент се изедначува со платата на Усеини, и од 50 илјади ќе скокне на околу 77.000 денари. На сајтот на Агенцијата за странски инвестиции пишува дека заменик директор е Ивана Николиќ. Но, според имотниот лист, заменичката Николиќ која добива покачување од владата, досега, во законскиот рок од 30 дена не пријавила нов анкетен лист во антикорупциската комисија за тоа дека од филмскиот фонд се префрлила во агенцијата за странски инвестиции.


Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.