Македонија

Зечевиќ: За поразот на СДСМ на локалните избори има повеќе причини – државна политика, локална политика, неквалитетни, нестручни кадри кои вршеле функции…

Зечевиќ: За поразот на СДСМ на локалните избори има повеќе причини – државна политика, локална политика, неквалитетни, нестручни кадри кои вршеле функции…

Поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, кој најави кандидатура за партиски лидер но подоцна се предомисли, тврди дека неговото појавување не е со цел да влезе во фаза на преговарање за позиција во идното сдсмовско раководство.

Почувствував еден внатрешен порив. Јас со години работам во таа партија – рече Зечевиќ на Канал 77, додавајќи дека редовно се гледа со заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој е еден од тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев.

Според него, за поразот на СДСМ на локалните избори има повеќе причини – државна политика, локална политика, неквалитетни, нестручни кадри кои вршеле функции итн.

Апсолутно беше погрешно вадење на ЛДП и ДПМ од аспект на водење на кампања и коалиција. Да одлучував, немаше тоа да го дозволам. Реално тоа се покажа на резултатите. Постои клонирано незадоволство на граѓаните, треба да најдеш начин тоа да го канализираш – рече Зечевиќ.

Тој истакна дека после подолго време се видел и со Заев, кому, како што посочи, му рекол да остане на позициите.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.