КолумниТОП

Зечевиќ попуши врати му парите на Дака џабе го лажеше те зафркнавме

Нема достапен опис

Советот на Општина Тетово, денеска донесе и конечна одлука за суспензија на детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57А откако за ова поведе иницијатива на последната седница во 2021 година.

Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат десетици згради за домување и трговски центри.

За одлуката да се донесе суспензија на овој ДУП гласаа 16 советници, додека 12 беа воздржани а немаше никој против. На гласањето му претходеше и едночасовна дебата меѓу советниците.

Советниците од редовите на ДУИ реагираа на предлог точката на дневен ред, образложувајќи дека Министерството за транспорт и врски дало мислење во кое наведува дека нема повреда на законските одредби при усвојувањето на конкретниот урбанистички план.

-Согласно одлуката за суспензија беше донесена и одлука за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на ДУП за урабниот блок 57А. Сега следи ревидирање на процесот. Со оваа одлука Тетово се спасува од задушување на згради без критериуми, без паркови и зеленило, изјави градоначалникот Биљал Касами.

ЛИНК ДО НАШИОТ ТЕКСТ

Зечевиќ братче сепак си лапал од Дака признај бе ти и онака си криминоген тип знаат сите



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.