Македонија

,,Здравиот има илјада желби, а болниот само една – да оздрави”.

,,Здравиот има илјада желби, а болниот само една – да оздрави”.
На одбележувањето на 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ Кочани избра да направи нешто добро, да изрази голема благодарност до медицинските сестри, докторите и останатите здравствени работници кои се во првите редови во борбата против COVID – 19, за нивната грижа за пациентите, пожртвуваност во унапредувањето на јавното здравје, подготвеност и одговор при итни случаи, како и за нивната ориентираност кон здравствената заштита на сите луѓе воопшто.
Нивната величествена мисија која се темели на Хипократовата заклетва е непоколебливо и храбро да се борат за сечиј живот, тие слават кога ќе ја постигнат највозвишената цел – да вратат нечија верба во животот, а тивко и длабоко тагуваат кога ќе ја изгубат битката…но и понатаму продолжуваат кон нов предизвик.
Во чест на овој ден, скромна донација во пакети со вода за модуларната болница за што изразуваме благодарност до членките кои зедоа учество во акцијата.
На крајот порачуваме:
– Се ќе биде добро. Чувајте се, останете смирени и имајте вера! И ова ќе помине.
Може да биде слика на текст
Може да биде слика на еден или повеќемина, луѓе кои стојат и текст
Може да биде слика на body of water


Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.