Македонија

Затворени родилишта, болници без гинеколози, мртви бебиња…

Како една од причините за зголемениот број на починати бебиња на скопската Клиника за гинекологија е тоа што болницата претставува регионален центар од каде доаѓаат сите критични случаи од внатрешноста на земјата и од приватните болници. Според нив, малку да настане одредена компликација, родилката веднаш ја префрлаат на Гинеколошката клиника во која има над 50 гинеколози.

За ваквите црни статистики проблемот може да се бара и во тоа што многу родилишта во другите градови низ Македонија се затворени и со години не функционираат, кои поради лошите и катастрофални хигиенски услови, кои поради недостигот од гинеколози, педијатри и анестезиолози. Сепак, тие што останаа работат со по еден или двајца гинеколози во градови во кои има од 70.000 до 100.000 жители.

Но, да почнеме по ред. Во болниците во внатрешноста на земјава има 69 гинеколози –специјалисти и уште 120 матични гинеколози, што значи дека околу 700.000 жени во државата се оставени во рацете на вкупно 189 гинеколози. Според податоците со кои располагаме, во Струмичката болница има шест гинеколози, додека во Валандово, Гевгелија, Радовиш и Неготино нема ниту еден гинеколог. Тука е и штипската Клиничка болница во која има четири гинеколози, но привремено и по потреба дежураат и матичните гинеколози. Исто така, во градови како Дебар и Кичево има по два гинеколози, во Охрид пет, а во Струга и Битола по девет гинеколози, додека во Кавадарци е само еден гинеколог. Нашите извори тврдат дека Неготино нема болница, а во Кратово и Крива Паланка се затворени родилиштата.

Уште во 2010 година, тогашниот министер за здравство Бујар Османи вети подобрување на условите во македонските родилишта, а истото ветување го даде и неговиот наследник Никола Тодоров. Сепак, ништо од тие ветувања досега не се остварија.

И.М.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.