ЖивотКолумни

Замислете дете ,,од улица,, ги победува сите форсирани, искомплексирани деца на ,,некои од елитата,, кои ги носат и земаат од училиште со автомобил, носат фирмосани алишта и се натпреваруваат помеѓу себе, чие дете е на поголем лопов

НЕ(УСПЕХ) ЗА ,,ЦЕЛИ,, 200 ДЕНАРИ
За само ,,цели,, 200 денари, момчето од улица Амир Дестанов немаше да биде ,,рамен,, и подобар од децата по математика.
Родителите ги бираат децата, но децата не ги бираат родителите. Ова скромно момче, отфрлено од родителите, не ни знаело дека ќе биде отфрлено и од општеството и од трулиот систем. За само 200 денари, ние немаше да знаеме дека постои вакво момче, дека постои ваков талент. Не дека дипломите, успехот, постигнатите резултати ќе му помогнат на детево во животот, но личната сатисфакција.
Зошто се издвојуваат некакви си фондови за тренирање магариња, за фризерница, за торти, за сите пералници на пари а за вакви талентирани деца нема издвоени средства?!
Детето е на улица. Судбината му ја покажала суровата страна на животот. Но?! Зошто служат институциите, Министерство за труд и социјала?! Зошто дозволуваме ваквите деца да не се наградени?! Ние како држава сме поголема маќеа од неговите родители.
Замислете дете ,,од улица,, ги победува сите форсирани, искомплексирани деца на ,,некои од елитата,, кои ги носат и земаат од училиште со автомобил, носат фирмосани алишта и се натпреваруваат помеѓу себе, чие дете е на поголем лопов. Е да, таквите татини лигавчиња, ги победи ова момче од улицата, кое се стекнало со трајни знаења. И?! Што направивме ние за ова дете?! Едно големо ништо! Затоа што ние, тука во ВукоЈебистан сме едно големо ништо, па не плашат туѓите успеси и ни влеваат страв, недоверба…Да, затоа што нашите деца се мазни и пазени, без некој видлив резултат. Затоа што учат за оценка, не и за знаење. Затоа што ние сме навикнати одамна да не го почитуваме своето. Да го негираме, да го уништуваме, да го згазиме. Затоа што тоа веќе стана кодекс, начин на функционирање на Македончето.
И?! И ништо. За 200 денари, кои ова дете ги немало, немаше да го видиме неговиот талент и знаење. Не дека сега нешто повеќе сме трогнати или ни е гајле! Ова дете може да заврши како чистач во Комунална, да собира пластика по контејнери или да биде ситен лопов, кој годинки ќе си поминува во затвор!
Да, ние сме тоа! Никој освен ,,ај браво,, не направи ништо!
Македонче, уништувај го Македонецот во себе, уништувај го туѓиот, и ќути си трај си! Видиш, имало и полошо. Некој немал 200 денари за да плати за да оди на натпревар, и да ги победи сите со знаење!


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.