Македонија

Законски на децата им следуваат учебници, но основнците во Македонија ќе учат од ливчиња и копии

Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година.

На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници, велат од Министерството за образование.

Во меѓувреме, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди.

Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат министерот за образование Јетон Шаќири на законската обврска учениците на 1 септември да добијат учебници.

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1 септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.