Забава

Заев тврди: Авансот за вакцините ни го вратиле зашто сме го уплатиле порано од што требало

ТРЕСЕЊЕ ГЛУПОСТИ ОД ЗАЕВ

Авансот уплатен за набавка на првите количлини на кинески вакцини е вратен додека да се заврпши другата преостаната процедура, а не се работи за откажување на договорот, тврди премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање што се случува со кинеските вакцини, кои беа најавени за крајот на минатиот месец, Заев објасни дека ние сме го упатиле авансот пред да завршат другите процедури. За денеска најави позитивен сигнал од МНР или од Министерството за здравство, а прашање на ден е кога вакцините ќе се товарат од Кина.

-Соодветните министерства на Кина побараа прво да се заврши документацијата, а потоа да се прави уплатата, ние ги повлековме парите и тие се тука на истата сметка на Министерството, изјави Заев.

На барањето да каже кој ден ќе биде тоа, Заев одговори дека никој во светот не може точен датум да каже кога ќе стигнат нарачаните вакцини, па така ниту ние.

Заев денеска откри дека е започната уште една постапка, втора, за набавка на уште 200 000 кинески вакцини, а формализирана е документацијата и за руската „Спутник В“.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.