Македонија
Заев три дена на одмор во Германија
Премиерот Зоран Заев за новогодишниот празник ќе одмора три дена и истите ќе ги мине во Германија.

– За Нова Година ќе престојувам три дена во Германија со најблиските кај мои блиски пријатели – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Владата.
Шефот на Владата неколку дена беше на зимување и минатата зима во Германија.
По празникот Заев ќе треба да си даде оставка на 3 јануари согласно пржинскиот договор според кој треба да се формира техничка влада.

Македонија
Заболени
101,214
+582
Мртви
3,111
+13
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 25/02/2021 - 19:41 (+01:00)