Македонија

Заев со рејтинг од 24.1 му бега на Мицкоски за 21 процент

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е со убедливо најголоем рејтинг од 24.1 отсто, покажа Анкетата на МЦМС и Телма.

Шефот на државата Ѓорге Иванов е втор на рејтинг листата, со 9.9 отсто. Иванов има повисок рејтинг од поранешниот премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој доби поддрша од 6.1 процент. Лани Груевски имаше поддршка од 28.5 отсто. Ова значи дека рејтингот на Груевски има стрмоглав пад од 22.4 проценти.

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ужива поддршка од 2.9 проценти.

Идентично како Мицкоси има поддршка и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.  Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ужива поддршка од 4.1 процент, што е пад од два проценти споредено со рејтингот од ланската анкета од 6.1 отсто.

Истражувањето покажа дека доверба на ниту еден од политичките лидери во анкетата не би им дале дури 31.3 отсто, а 11.5 не знаат за кого би гласале.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.