КолумниТОП

Заев: Сашо Мијалков немаше друг избор и се предаде, ЛАЖЕШ БЕ МУРТИНЕЦ САШО Е ФРАЕР…

Заев: Сашо Мијалков немаше друг избор и се предаде

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес – конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал.

Вели дека се избегнати сите потенцијални ризици.

Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражи како се случи бегството, рече Заев.

Премиерот кажа дека прво во суд дошле адвокатите, а потоа и Мијалков. Изјави дека компромис за правда нема и нема да има.

Денеска институциите удрија по маса, рече Заев.

Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков се предаде во Обвинителството. Пред да влезе во обвинителството, тој даде изјава за ТВ24 пред просториите на обвинителството.

Рече дека вчера бил изолиран, бил болен со температура над 40 степени, со симптоми на Ковид-19 и немал намера да бега, а кога дознал што се случува дошол пред ОЈО.

Тој се извини на целата јавност и кажа дека е тука да го земе решението за домашен притвор.



Македонија

Заболени
101,214
Мртви
3,111
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 26/02/2021 - 09:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.