МакедонијаТОП

ЗАЕВ ПРИЗНА ДЕКА СТОИ ЗАД АПСЕЊАТА НА КАМЧЕВ И НА МИЈАЛКОВ Со црната кампања си ги покажа „забите“

Нема сомневање дека лозунгот „Нема недопирливи“, фотографиите на Камчев и на Мијалков и фотографијата на Зоран Заев со логото на СДСМ се недвосмислена порака дека премиерот и владејачката партија стојат зад апсењата на Камчев и на Мијалков и директно влијаат врз однесувањето на обвинителите и на судиите.

 

Од вчера на некои македонски портали се објавува банер, во кој на црна позадина се гледаат ликовите на бизнисменот Орце Камчев и на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Меѓу двата лика стои паролата „Нема недопирливи“.

Ако кликнете на банерот, тој води директно до страната на кампањата на СДСМ „Најдборото за мојата општина“ и до ликот на Зоран Заев.

 

 

Како што е познато, Камчев е обвинет во случајот „Плацови на Водно“ и повеќе од шест месеци е во притвор, подложен на нехуман и понижувачки третман. Првостепена пресуда во овој случај нема.

Сашо Мијалков исто така е во притвор, во очекување на второстепена пресуда од Апелацискиот суд.

– Нема сомневање дека лозунгот „Нема недопирливи“ и фотографијата на Зоран Заев со логото на СДСМ е порака дека премиерот и владејачката партија директно стојат зад апсењата на Камчев и на Мијалков, зад сомнителните одлуки за притвори и зад однесувањето на обвинителите и на судиите. Во јавноста се пласира порака дека Заев лично е заслужен за тоа што двајцата „недопирливи“ се зад решетки, што го оспорува неговото тврдење дека тоа е работа на органите на прогонот и на правосудните органи и дека тој, како претставник на извршната власт и како лидер на политичка партија, не се меша во нивната работа. Мислам дека овој банер од црната кампања е голем гаф на СДСМ и на Заев лично – вели експерт за маркетинг, кој сака да остане анонимен од разбирливи причини.

Црната кампања не е законски забранета, објаснува тој, но со конкретниот банер се испраќа јасна и недвосмислена порака дека во Македонија не само што се крши начелото на презумпција на невиност, туку директно се признава дека партијата на власт и премиерот директно ги контролираат правосудните органи.

Ја прашавме одбраната на Орце Камчев дали ќе реагира во врска со црната кампања во која е злоупотребен нејзиниот клиент.

– За ова веќе се известени странски дипломатски претставништва и други меѓународни институции. Случајот на нашиот клиент се интернационализира и веќе среќаваме написи во странски медиуми за тоа дека е незаконски притворен, дека судскиот предмет е сомнително инициран и дека господинот Камчев е изложен на нехуман и понижувачки третман со големи ризици по неговото здравје. Овој банер е директен доказ кој стои зад тортурата – велат од одбраната на Камчев.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:13 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.