Македонија

Заев: Не гледам потреба од лидерска средба

Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, одговори за ТВ21, премиерот Зоран Заев на прашањето за тоа дали се согласува со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се свика лидерска средба околу проблемот со Бугарија.

Тој вели дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.

Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, изјави Заев.

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 06:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.