Колумни

ЗАЕВ НАЈАВИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО он произведува он ќе си ја продава другите угостители ќе ги испозатвори со короната, трговец на мајка

ЗОКИ КОГА ЈАВНО ЌЕ ПРИЗНАЕШ ДЕКА ПУШИШ СКАНК? ЗА ПОЈАКО НЕ ТВРДИМЕ...ОТИ НЕМАМЕ ДОКАЗИ

ЗАЕВ НАЈАВИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО

Премиерот Зоран Заев најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“. Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места”, вели Заев.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.