Македонија

Заев крена раце од Мицкоски пак ќе купува пратеници за 80 ка

Од Владата соопштија дека лидерската средбам која требаше да се одржи денеска помеѓу лидерите на најголемите политички партии, се откажува, а како резултат на тоа што лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, не ја прифати поканата. Од таму велат дека нема поента Заев да одржува лидерска со коалициските партнери со кои редовно се среќава.

Тоа што Мицкоски одби да присуствува на лидерската, го става под прашање Законот за јавно обвинителство, околу кој лидерите требаше да се договорат. Работните групи на власта и опозицијата не постигнаа договор околу законот кој треба да ја дефинира иднината на СЈО, како дел од Републичкото јавно обвинителство. Од власта велеа дека копјата се кршат околу членот кој се однесува на истрагите на СЈО, а во кои се опфатени високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неофицијални информации Заев ќе понуди друго решение за ќорсокакот во кој се најдоа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно законот ќе биде пуштен во собраниска процедура, а Заев ќе се обиде да го придобие мнозинството во парламентот.

Од Владата информираат дека премиерот ќе одржи прес конференција во 14.00 часот на оваа тема.

„Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“, соопштија од Владата.

Од таму додаваат дека „овие клучни теми за продолжување на реформите и економскиот развој на земјата Мицкоски ги деградира со алиби барања кои произлегуваат единствено и само во интерес на теснопартиското профитирање“.

„Тој одби да види дека лидерската средба е можност до следните избори да се обезбеди легислатива прифатливa за сите, со вградени препораки од ОДИХР и со можност да се отвори дебата и за нов изборен модел. Тоа укажува дека целта не била да се разговара за предвремени избори туку да се побегне и од оваа тема. Наместо да прифати дека е време за договор во корист на правната држава и владеењето на правото и како клучно да се обезбеди јавно обвинителскиот систем на државата со вградено СЈО за правда без селективност, која овие  денови добива силен подем, Мицкоски и натаму останува на позициите да го брани криминалот на неговите претходници и политички ментори“, се вели во соопштението.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.