Македонија

Заев: Ќе спроведеме законски измени кои ќе овозможат извоз на цвет од канабис

Знаеме Зоки дека си уживател кажуваат колеги биди без грижа

Секоја криза е нова можност, а инвестициите го потврдуваат тоа. Чест ми е што присуствував на отворањето на новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг, во индустриската зона Ќојлија. Оваа гринфилд инвестиција од фармацевтската индустрија е лиценцирана за одгледување на канабис за медицински цели, и е изградена по највисоки стандарди, со софистицирано производство и висока додадена вредност за македонската економија.

Заев: Ќе спроведеме законски измени кои ќе овозможат извоз на цвет од канабис

Владата е во комуникација со претставници на компании од оваа дејност, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Подготвени сме да спроведеме законски измени кои ќе овозможат извоз на цвет од канабис за медицински цели, кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места.

-Светската економија се преструктуира, а доколку сакаме да одиме напред ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови, напиша на Фејсбук, Зоран Заев.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.