Македонија

ЗАЕВ ГО ПРЕДЛОЖИЛ КОВАЧЕВСКИ ЗА СВОЈ НАСЛЕДНИК Фракциите имаат резервно сценарио Makco или БЦ

Дали новиот лидер ќе се избира на непосредни избори во партијата, како и стариот, или ќе се оди на варијантата в.д. претседател?

звор на Плусинфо од раководството на СДСМ ги потврди наводите во некои медиуми дека на седницата на Централниот одбор што е во тек, Зоран Заев го предложил Димитар Ковачевски за лидерската позиција.

Како што дознаваме, Заев го пофалил Ковачевски и на седницата на Извршниот одбор, на која членовите го убедувале да ја повлече оставката, но тој енергично одбил. Предлогот на Извршниот одбор е внатрепартиските избори во СДСМ да се одржат на 12 декември.

Во раководството на СДСМ веќе неколку дена се прават сценарија како да се изведе смената на кормилото. Според нашиот извор, Заев стои на ставот дека заменикот министер за финансии Ковачевски треба да биде избран на непосредни избори и тоа, според статутот, реално може да се случи на 12 декември.

Од друга страна, има предлози да се оди на избор на в.д. претседател на конгрес на партијата, наводно за да се спречат фракциските борби. Според нашиот извор, ова сценарио го заговараат токму групите што не сакаат Ковачевски да добие полн легитимитет, зашто во овој момент самите не се подготвени да понудат противкандидат.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која се разгледува оставката на Заев, е во тек. Засега е сигурно само тоа дека тој и кој пред членовите на ЦО потврдил дека не се повлекува од одлуката за оставка и од лидерската позиција од партијата и од премиерската функција.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.