Колумни

Заев ги удира Бугарите неочекувано под појас и ги чешка за мадиња

малце приглуп текст од еден од двајцата теткици на Алфа кои се познати по интервјуата каде од премногу угодување му прават штета на Мицкоски

А што ако Заев ги удира Бугарите каде што не очекуваат? Да ги погледнеме работите од една поинаква перспектива. Македонскиот премиер смета дека не е фер денешните Бугари да бидат обвинувани за тоа што се правело (од бугарските војници и полицајци н.з) во текот на Втората светска војна. Оттаму е и намерата за бришење на етничката припадност во формулацијата „бугарски фашистички окупатор”.
Во ред, така е. Нема зошто некој да ги обвинува денешените генерации Бугари за гревовите на нивните дедовци и баби. Исто како што нема логика некој да ги товари со вина денешните Германци или Италијанци за она што се правело во времето на Хитлер и Мусолини. Но кој всушност во Македонија некогаш спорел со оваа логика? Кој, кога и во чие име барал современите источни соседи да бидат нарекувани „фашисти“ и „окупатори“? Тоа не го пишува во нашите учебници по историја, не го тврдат нашите политички лидери, академици, професори. Не го тврди ниту народот, ако воопшто може да се рече дека е такво нешто можно, цел народ да тврди нешто едногласно. Па ако е така, а по се изгледа дека е токму така, тогаш зошто премиерот го наметнува овој пристап? Потсвесно, тој самиот ги смета денешните Бугари за фашисти? Му здодеале сите насобрани навреди од Софија во последниве години, па на ваков начин им се одмаздува? Од која причина само тој тврди дека не било фер нешто, кое воопшто не се случува? Можам и јас да кажам на пример дека не е фер што ми ги нема оние три милиони евра кои никогаш и не сум ги имал. Иако сакам да ги имам, неспорно. Практично, со ова тврдење македонскиот премиер му наметнува на бугарскиот пријателски народ вина, од која тој лично би сакал да го избави? Или не е така? Можеби затоа целиот тамошен естаблишмент е збунет и не реагираат соодветно, освен ако не се смета Џамбаски на кого Заев му е сомнителен затоа што „користи титови финти“!

Во меѓувреме Драги Ѓоргиев, претседателот на макдонскиот тим во заедничката македонско – бугарска Комисија за историски и образовни прашања се обидува да ја дообјасни мисилата на премиерот;

„Оваа изјава на нашиот премиер јас не ја гледам како изјава која веднаш ќе биде спроведена и со која веднаш од утре ќе се тргне на терен да се бришат некои придавки од она што е досега востановено. Повеќе јас ја гледам таа изјава како обид, порака до другата страна дека во однос на историското помирување помеѓу македонскиот и бугарскиот народ треба да се разговара, треба да се разговара за сите болни прашања кои постојат меѓу нас и нив и дека тоа е решението да дојде до помирување“, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител.

Повторно во ред. Но помирувањето и простувањето за кои се залага Ѓорѓиев се можни уште повеќе доколку не им наметнуваме на Бугарите идеја дека тука ги сметаме за виновни во врска со нешто што се случило пред да бидат воопшто родени 90 проценти од денешните жители на Република Бугарија. Иако засега тоа го наметнува само Заев. Немушто или мошне свесно, се уште не знаеме. Сосема друга работа е дека на политичката елита во соседната земја, приказната за нашиот „поглед“ кон нивното учество во настаните од војната и е второстепено. Со своите историски гревови самите ќе мора да си расчистат, но нив првенствено им е важно Македонците да признаат дека се Бугари, макар и поранешни и дека зборуваат на дијалект на бугарскиот јазик, макар и видоизменет со помош на „српски букви“ и „титовата диктатура“. А за тоа навистина никогаш нема да можеме да се договориме, бидејќи едноставно не е така. Па што и да изјави премиерот сега или во иднина на таа тема.

Драган Милосављевиќ



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 03:57 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.