ЖивотЗанимливости

ЗАЕДНО НА СЕЛО Неочекуван спој – Талат од „Преспав“ и македонската пејачка

Неочекуван спој – Талат од „Преспав“ и македонската пејачка (фото)

Отако се појави со улогата на Талат во популарниот македонски ситком „Преспав“, актерот Дритон Вејсели го познаваат речиси сите.

Преку својот комичен лик на рецепционерот од Џепчиште, Талат стана ултра популарен лик.

Па така, освен зад пултот од рецепцијата во „Преспав“, Дритон како Талат го гледаме и на телевизија и во некои реклами.

ФОТО:ДРИТОН ВЕЈСЕЛИ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Овој пат, тој е дел од проектот и на една наша млада македонска пејачка. Станува збор за Мартија Станојковиќ која деновиве работеше на ново снимање во кантри стил, од кое според приложенито на Инстаграм, улога има и Дритон.

ФОТО:МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Качен на трактор, па позирајќи со убавата Мартија, оваа двојка наскоро ќе ја видиме во новиот музички проект на пејачката.

 

За финалното дело ќе почекаме, а засега тие само ја заскокоткаа љубопитноста на јавноста преку неколку фотографии од сетот.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.