Свет

За тура до Русија и до 10 000 евра! НЕМА ВОЗАЧИ, а еве зошто одбиваат да возат! КОЈ РИЗИКУВА – ДОБИВА

Поради избувнувањето на војната во Украина, проблематичен стана транспортот на стока до и од Русија, поради промените во рутите, ризиците, чекањето на границите, па компаниите сега се подготвени да дадат и по 10.000 евра за една тура до Москва.

– Превозот преку Украина е запрен, а компаниите кои соработуваат со тамошните се најдоа во ситуација да мора да се снаоѓаат. Отворени се две рути, едната преку Турција и азиските земји за приближување кон Русија од југ, а другата преку Полска и Белорусија. За една тура се плаќаат и по 10.000 евра, но покрај тоа што генерално нема возачи, ризикот што ги следи ваквите возења најмногу ги одвраќа возачите од ваквиот потег. Но, оние кои се подготвени на такво нешто, заработуваат сериозни приходи, вели за српски Блиц возач запознаен со состојбите на пазарот.

kamion, Kamiondžija, Kamiondžije, Kamioni

 

Постојат неколку причини за наглото зголемување на цената на транспортот. На прво место се споменуваат ризикот и компликациите (долго чекање на границите, камиони кои се враќаат главно празни и сл.), па поради тоа голем број возачи одбиваат да ја прифатат турата. На второ место е глобалниот фактор, т.е. зголемување на сите трошоци поврзани со транспортот како гориво, патарини, инцидентни трошоци на возачите итн.

На трето место е хроничниот недостиг на возачи, а оваа аномалија на пазарот на трудот се прелева на повисоки цени и во овој случај.

ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ

Од почетокот на кризата, транспортните трошоци драстично се зголемија. Трошоците за транспорт скокнаа за 30 отсто по избувнувањето на војната, а како што одминува времето, тие континуирано растат. За тоа придонесува и логистичкиот хаос на границите на земјите кои сè уште се отворени за Русија.

Патувањето, кое претходно траеше околу две недели, сега трае повеќе од двојно подолго.

-Кога ќе го вклучиме и поскапувањето на горивото, храната и другите работи на тој двојно подолг пат, трошокот за секој возач стана огромен, вели возачот и додава дека тоа е една од причините, покрај ризикот зошто мал број од нив се осмелуваат да го направат овој потег.

trucks on the highway. road transport for freight.
kamion, Kamiondžija, Kamiondžije, Kamioni

Нафтата брент продолжи да поскапува и се искачи на ниво од околу 124 долари за барел, покажуваат податоците на порталот oilprice.com.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.