За кого работаат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, која е разликата во политичкото делување и на двете?
Сите вие кои дрдоревте дека не постои законска можност да се распиши референдум за промена на име -ќе има референдум. Свесни за тоа, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ уште некое време ќе глумат, само што се оди на друга форма на референдумското прашање, каде што промената на името воопшто и не се споменува: “Дали сте за промена на името во Република Северна Македонија”
Можното референдумско прашање е: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?
Многу нелогично е сега да се спроведува референдум за ЕУ, а потенцијалното члентво да дојди по 10-15 години како што се прогнозите. Иста количина нелогичност има и за НАТО, кога не се остава можност да се изјасниме за во НАТО а против промена на име.
ДИК е избрана со двотретинско мнозинство, за него гласаа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Милионско прашање: За кого работаат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, која е разликата во политичкото делување и на двете, освен голата борба за превласт? Зошто и од НАТО и од ЕУ целосен молк за функционирањето на правната држава, тендерашење, задолжување, крадење, прикривање убиства, смртност на деца, медиумски мрак?
Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ ги гарантираат криминалите а тие за возврат послушно ги спроведуваат нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците.
Нека ни е наздравје.
