За Јанкуловска ни викенд за детето а за Кичеец 30 дена одмор (ТВИТ НА СРАМОТ)
Одлична кратка анализа за односот на власта кон своите некогашни или актуелни соработници криминалци преку компарација на третманот на екс министерката за внатрешни работи и осудениот во Рекет Зоки Кичеец.
“На Јанкулоска не и даваат ни викенд да си го види синчето, овој со 30 дена прекин.
Каква фарса”, стои во твитот на денот.
Јанкуловска беше осудена за контроверзниот случај Тенк за набавка на мерцедес кој се уште го користи владата и лежи во Идризово а Кичеец со спогоди со обвинителството за Рекет и казната треба да ја служи во Струшкиот затвор.
За разлика од Кичеец кој со месеци преку ден е надвор од затворот Јанкуловска тешко може да го види своето двегодишно детенце.
Според властите Кичеец кој вчера учествуваше во сообраќајка со смртни последици бил пуштен за наводни приватни потреби.
