Црна Хроника

Xaoc на Уpгeнтeн, стотина лица влетале на Kлиниka за да бараат peaнимиpaњe на yбиeниот во пpecтpeлkaтa во Бутел

Преку 200 лица упаднале СИНОЌА на Ургентниот центар, откако таму било донесено безживотното тело на убиениот Камбер Идризи, кој загина во престрелка која се случи вечерта на 12 мај во населбата Бутел 2.

Пријатели, роднини и познаници упадналее во Ургентниот центар со оружје, се заканувале на персоналот во болницата и го демолирале Ургентниот центар барајќи од докторите да го реанимираат загинатиот Идризи. Присутните се заканувале и со оружје на персоналот во Ургентниот центар.

За среќа, на помош на лекарите набрзо пристигнале припадници на ЕБР но и Армијата која го обезбедува ковид центарот.

Пред Ургентниот центар се уште има голема група на луѓе, но и силно полициско присуство.

Неофицијално, убиениот Камбер Идризи имал преку десетина прострелни рани, од кои најмалку две во главата, вратот, левата града, шаката и коленото.

Од болницата 8-Септември на КАРИЛ е префрлен и вториот настрадан во престрелката, Егрин И. кој имал неколку прострелни рани во вратот и рамото. Во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Престрелката се случи во населбата Бутел 2, на паркингот во блокот на т.н социјални згради. Најмалку две лица се забележани како излегуваат од возило „Голф“ и со две автоматски пушки стрелаат кон сега починатиот и повредениот.

Во непосредна близина на местото на престрелката има и детско игралиште, но за среќа никој друг не бил повреден во моментот на престрелката.

Полицијата трага по сторителите.

Камбер Идризи беше добро познат припадник на скопското подземје, советник на градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, и пријател на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

 



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.