Македонија

Вработени во Основниот суд Скопје 1 му поднеле нова кривична пријава на Панчевски

Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас.

pancevski

Во врска со огласот, како што јавуваат медиумите, реагирал раководителот на секторот за човеки ресурски во Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски, но на 18 ноември, сепак, била донесена одлука и за судски администратор била избарана Роза Кавазова, која предтходно работела како службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Кривичниот суд.

Вработените во кривичната пријава го товарат Панчевски дека тргнувајќи од личното пријателство со Роза Кавазова, ја злоупотребил службената положба, ги пречекорил службените овластувања и ја избрал Кавазова за судски администратор.

Панчевски во изјава за „Телма“ рекол дека првпат слуша за кривичната пријава и додал дека има државни институци кои се надлежни за разгледување на пријавите.

„Секој, доколку има сомнежи за одредено дело, има право да поднесе пријава, но треба да се знае и дека има и кривично дело „лажно пријавување“. За огласот, сите незадоволни кандидати имаат право да поднесат жалба за која сè уште течат роковите“, изјавил Панчевски.

На почетокот на месецов кривична пријава против Панчевски за примање награда за противзаконито влијание поднесе судијата Иван Џолев. На кривичната пријава претседателот на Кривичниот суд одговори со контрапријава против Џолев за лажно пријавување кривично дело.

Десетина дена подоцна 13 судии од Кривичниот суд до Судскиот совет поднесоапретставка против Панчевски, во која го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“.

извор: Мета



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.