Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Нова снимка од пожарот во Тетово, се слушаат неколку експлозии

Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.

На социјалните мрежи се појави нова снимка снимена во моментот на избивањето на пожарот во тетовската модуларна ковид болница, а на која се слушаат неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се предизвикани од доводот на кислород за потребите на пациентите во болница.

Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.

Снимката ја споделуваме во продолжение, но предупредуваме дека станува збор за видео со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА, па поради тоа внимавајте додека го гледате.

Телевизија Алсат обезбеди необјавени аматерски снимки од пожарот во модуларната болница. Овие снимки покажуваат моменти на две експлозии за време на пожарот.

Се гледа и моментот на пристигнување на првото противпожарно возило и како немале можност да се справат со огнената стихија. Дополнителен проблем за пожарникарите била и улицата којашто била блокирана од автомобили.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.