Црна Хроника

ВОЗИЛО ПАДНА ВО РАДИКА Тројца гастербајтери загинаа на патот Маврово-Дебар

Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика.

Извори во МВР информираат дека патничко моторно возило „рено“ со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.