Црна Хроника

Возач на „порше“ и мигрант ранети откако се обиделе да им избегаат на полицајци кај Кравари

Фотографија на Isabelle Matoska.

На 25.09.2020 околу 06.00 часот на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица “Меџитлија“ се обиделе да сопрат патничко возило „порше“, со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот на поршето, кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Заболени
30,488
+930
Мртви
982
+5
Излечени
20,448
Активни
9,058
Last updated: 31/10/2020 - 01:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.