Занимливости

Војска ќе контролира, можни се забрани за патување во друг град: Што значи кризна состојба

Значи ли дека Стево, Заев и оној ружниот Маричиќ можат која сакаат невеста да ја грабнат и нивна да биде по закон?

Многумина се прашуваат што значи кризна состојба,  откако Советот на безбедност и препорача на владата да прогласи  на територијата на целата држава.

Што значи кризна состојба

Кризна состојба е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребнаупотреба на поголем обем на ресурси.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена. Законот и овозможува на Владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите надржавната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случајна кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да бидепропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактеротна кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи ислужби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, восогласност со закон. По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица. Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите надржавната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување.

Кризна состојба веќе имаше во Дебар на почетокот на корона кризата , а неколку години по ред има и на јужната граница поради мигрантите.

Војска ќе контролира, можни се забрани за патување во друг град: Што значи кризна состојба


Македонија

Заболени
66,330
+1,099
Мртви
1,877
+30
Излечени
42,241
Активни
22,212
Last updated: 05/12/2020 - 02:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.