Занимливости

Водечка европска агенција предвидува: 39.4 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, а 30.1% за СДСМ

Агенцијата Европа Избира (Europe Elects), позната по пренесување на најновите резултати од анкетите низ цела Европа, ја анализира анкетата на ИПИС која покажува големо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Европската агенција ги обработува податоците и пренесува дека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе освои 39.4 проценти од гласовите, наспроти само 30.1 проценти за СДСМ. ВМРО бележи скок од скоро 5 проценти во однос на изборите во 2020 година, додека СДСМ паднале за скоро 6 проценти од 2020.
Новата анкета на ИПИС беше спроведена теренски на почетокот на мај на 1,111 испитаници.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.