СветСекс

Во воз ја преколнувал да спие со него: Вака започнала љубовта на популарниот холивудски заводник и најсимпатичната русокоса

Рајан Рејнолдс открил како изгледал неговиот прв чекор кон сопругата Блејк Лајвли, велејќи дека нивната романса била нешто слично на бајка.

Рајан и Блејк се заедно речиси 10 години, но актерот сè уште јасно се сеќава како ѝ се додворувал на својата сопруга:

„Ја запознав Блејк во текот на снимањето на филмот Green Lantern“, изјавил Рејнолдс во поткастот „SmartLess“.

 

„Бевме пријатели и колеги околу една година и пол, потоа бевме на двоен љубовен состанок, но тогаш бевме со други наши партнери“, изјавил Рејнолдс.

Тој додал дека двајцата секогаш се дружеле и секогаш некако го одржувале својот контакт, но сè било опуштено.

„Следно што знам е тоа дека таа мораше да оди во Бостон, а морав и јас. Па, ќе одиме заедно. Влеговме во воз и се возевме заедно“, изјавил актерот.

 

„Постојано ја молев да спие со мене“, додал тој.

На прашањето колку брзо преминале од врска до спознание дека сакаат нешто потрајно и посериозно, Рејнолдс тоа го опишал како нешто од бајките.

 

„Една седмица подоцна, реков: Треба да купиме куќа заедно – и тоа го направивме“, изјавил актерот.

Рејнолдс и Лајвли се венчале на 9 септември 2012 година во Јужна Каролина, парот има три ќерки – Џејмс, Инез и Бети.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.