Балкан

Во Црна Гора пристигнаа 30.000 кинески вакцини, а нам ни го вратија капарот…

И на затворено и на отворено !!!
Доста се труеме од сопствениот јаглерод диоксид!!!
May be an image of еден или повеќемина и текст кој вели „стоп за носенье HA MACKa на отворено!!! споделете сите AKO cTE против носене на маска на отворено!!!“

Контингент од 30.000 дози на кинеската вакцина Синофарм денеска пристигна во Црна Гора, а го пречека министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ и кинескиот амбасадор во Црна Гора, Лиу Џин.

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ рече дека е потребно сите да бидат свесни за важноста од почитување на епидемиолошките мерки, со цел успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Инаку, досега во Црна Гора пристигнаа 2.000 руски вакцини како донација од Србија, додека од Русија се набавени уште 5.000 дози.

Во првите пет приоритетни категории за вакцинација против коронавирус има 110 илјади луѓе, објавено е на веб-страницата covidodgovor.me.

Поради лошата епидемиолошка состојба, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера побара затворање на границите и забрзана имунизација, исто како и експертите од Институтот за јавно здравје.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.