Македонија

Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде наследник и пиун на Заев

ВМРО ДПМНЕ: Братчето на Оливер нов лидер во мафијата сдсм

Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пиун на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер – градоначалник на Куманово. Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра. На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер. Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран. Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор, истакнаа од опозициската партија.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори, додаваат од таму.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.