Македонија

Во понеделник ќе се разгледуваат барањата за живи свирки и свадби

Во понеделник ќе се разгледуваат барањата за живи свирки и свадби

Барањата за живи свирки и свадби ќе бидат разгледувани во понеделник, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи.

Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила, рече Филипче.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.