Црна Хроника

Во Македонија постојат луѓе кои се претставуваат како експерти за трговија со акции на светските берзи. За ваква активност нудат „роботи“ кои тргуваат во ваше име.

Добивме информација дека деновиве се случила кражба на голема сума пари токму од вакви измамници кои „ве работат“ со понуди дека вашите пари можат да ги оплодат за некој процент на светските берзи. Се разбира за да се обезбедат дека нема да има трага кон нив работат во крипто долари. Кои ви ги префрлаат на вашата сметка, која е всушност виртуелна измама…

За што се работи?

Имено во државава, непречено работи „агент“ на сајтот https://tvg.ai/ кој е всушност класична измама во која што треба да инвестирате. Но кој би го знаел или пак чул за ваков сајт воопшто кога се знае дека има милијарди страници во светот? Никој никогаш не би инвестирал ако е контактиран од некојси од Тајланд. Не веруваме дека има такви. Токму затоа измамниците организираат домашна шема. Некој што добро го познавате, во кого имате доверба, човек што добро се разбира во „тие работи“.

Што е домашна шема?

Се пронаоѓа домашен „претставник“ кој за добра провизија или нешто повеќе, работи да ги превесла неговите познаници со ветување дека се работи за сигурен сајт со добра репутација, кој не е од тие што се некаква пирамида или измама.

Домашниот претставник е секако упорен и е добро подготвен со „психолошки пристап“ од неговите надворешни соработници. Тој не брза. Работи полека, со месеци, упорно. Обично праќа информации за големи заработки таа недела, па прави фолоу ап, да провери дали сте заинтересирани. Се додека не ве придобие и внесе во сајтот од кој нема да си повратите никогаш ниту еден денар.

До нашата редакција беше пратено барање за банер за ваков сајт. Истото е одбиено. Но за нас беше мотив да истражуваме и да провериме за што точно се работи.

Сметаме дека ова што го знаеме и ќе го објавиме е доволен мотив за истрага од ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.

Доколку на овој сајт разгледате и се заинтересирате да се регистрирате, тогаш тој ве води на друг сајт, каде што всушност започнува измамата.

Во меѓувреме претставник од измамените, како што сме известени, подготвува ПРИЈАВА до надлежните органи.

извор тука



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.