Занимливости

Во кои држави може да се патува без ПЦР тест и карантин?

Ситуацијата со ширење на вирусот Ковид-19 се уште не е ставена под контрола во светот, а заради високите бројки на новозаразени лица – Македонија се наоѓа во црвена зона на светската листа, т.е земја со висок ризик, па затоа и листата на држави во кои може слободно да патуваме е многу мала.

Моментално, македонските граѓани можат да патуваат без ПЦР тест и без карантин во:

АЛБАНИЈА – потребни документи за патување: важечки пасош или лична карта.

Протокол за патување:

– Границите се отворени.

– Не е потребно одобрение за влез.

– Не е потребен негативен ПЦР тест.

– Не е потребен карантин.

– Не е потребна самоизолација.

КОСОВО – потребни документи за патување: важечки пасош или лична карта.

Протокол за патување :

– Границите се отворени.

– Не е потребно одобрение за влез.

– Не е потребен негативен ПЦР тест.

– Не е потребен карантин.

– Не е потребна самоизолација.

За влез во сите другите соседни земји потребно е да се покаже негативен ПЦР тест на граница, не постар од 24 -72 часа (во зависност од барањето на државата во која се влегува).

Интересно е што Занзибар е една од ретките држави во која нема рестрикции за патувања и отворена е за туристи од целиот свет:

ЗАНЗИБАР – потребни документи за патување: важечки пасош и виза. ПЦР тест не е потребен за влез во оваа држава, освен ако ви побара авиокомпанијата со која би патувале до таму.

Протокол за патување :

– Границите се отворени.

– Не е потребен негативен ПЦР тест.

– Не е потребен карантин.

– Не е потребна самоизолација.

МЕКСИКО – потребни документи за патување: важечки пасош и виза.

Протокол за патување :

– Границата со САД е затворена до 21 Јануари 2021, но може да се влезе по воздушен пат.

– Не е потребен негативен ПЦР тест.

– Не е потребен карантин.

– Не е потребна самоизолација.

Ова се однесува за туристичко патување во државите во светот. Постојат исклучоци за влез во секоја држава од посебни причини (лекување, студирање, работа, транзит итн.), кои се наведени посебно за секоја држава на следниот ЛИНК од сајтот на нашето Министерството за надворешни работи.

Сепак, за секое патување надвор од нашата држава, препорачливо е претходно да се консултирате со амбасада или конзулат на државата во која планирате да патувате, за да ве информираат за најновите важечки одлуки во врска со рестрикциите за патувања воведени заради пандемијата од Covid-19.

Во кои држави може да се патува без ПЦР тест и карантин?


Македонија

Заболени
90,654
Мртви
2,785
Излечени
78,154
Активни
9,715
Last updated: 25/01/2021 - 13:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.