Балкан

Во Хрватска се отвораат градинките, училиштата и факултетите ќе работат комбинирано

Хрватската влада на денешната седница донесе одлука од 11 мај  да почнат со работа градинките, основните и средните училишта, како и факултетите.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак истакна дека учениците од пево до четврто одделени ќе следат настава според мешовит модел односно дел од учениците ќе посетуваат училиште, а другите и понатаму ќе следат настава од дома.

Додека учениците од петто до осмо одделение, како и студентите ќе продолжат да следат настава од далечина. Но, на факултетите ќе биде овозможено одржување на лабораториски, уметнички и клинички вежби, како и практична работа во мали групи.

Додека градинките од понеделник редовно ќе работат со придржување до насоките од Хрватскиот завод за јавно здравје.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.