Македонија

ВМРО ДПМНЕ за експозето: Нема за странските инвестиции, името, јазикот а има за нашиот апс

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ во дебата за програмата и составот на Владата рече дека пратениците од неговата партија и од Коалицијата ќе учествуваат активно во работата на Собранието, и во комисиите и на седниците, на добрите потези ќе одговараат со поддршка, а на лошите со остра критика и спротивставување, а на коректноста со коректност.

Според него, формирањето на оваа владина коалиција е резултат на многу штетни потези од 1992 година наваму, откако ВМРО ДПМНЕ не успеа да формира Влада, посочувајќи на тоа дека „победничката партија е отстранета да учествува во управување на државата и бил прекршен договорот за коалицирање победник со победник“.

Говорејќи за целиот постизборен процес, посебно откако се формира ново парламентарно мнозинство, Димовски рече дека биле нарушени повеќе пишани и непишани правила, Уставот, Деловникот со како што рече изборот на нелегитимен претседател на Собранието, притоа споменувајќи ја тука и Платформата на албанските партии.

Тој рече дека не веднаш, но многу брзо ќе стигнат политичките последици и дека некој треба да ја прифати одговорноста, посочувајќи кон лидерот на ДУИ Али Ахмети и мандатарот Зоран Заев.

Како една од забелешките за кршење на процедурите од Деловникот Димовски посочи и тоа што не е почитуван рокот од 10 дена, кој според него им бил потребен и ним и на јавноста да ги разгледаат материјалите од програмата и биографиите на предложените кандидати за министри.

Во однос на кандидатите, Димовски рече дека се работи за партиски кадри, некои и со скандали зад себе, и притоа не посочи име на ниту еден.

Тој како позитивен пример го посочи кандидатот за министер за здравство Арбен Таравари, за кого рече дека се спремни да гласаат доколку се гласа поединечно за секој кандидат, и во однос на кадровскиот потенцијал и биографијата, но дека ова мислење неговата партија не го дели за сите кандидати.

Тој како „пропуст на мандатарот“ го посочи економскиот тим, кој го оцени како „мал и слаб“, како и огромниот број на министри без ресор. Но Димовски призна дека и во претходната Влада имало огромен број вакви министри, но како што рече 90 проценти биле ангажирани во економскиот дел.

Тој му забележа на мандатарот Заев што во експозето не споменал ништо за законот за употреба на јазиците, кое како што рече било „едно од главните ветувања на Ахмети, а прифатено од Заев, како основа на оваа Влада“.

Исто така тој рече дека Заев во однос на евроатлантските интеграции не споменал ништо за тоа како ќе го речи проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

Димовски рече дека експозето содржело непрецизности и памфлетни ветувања, а птироа рече дека од него се препознава дека следуваат зголемување на давачките – персонален данок, и данок на имот, основица на придонесите и акцизи за возила, што според Димовски е нешто што ќе се случи за првпат по 10 години.

Димовски критикуваше дека во програмата нема ниту збор за зголемување на пензиите, за зголемување на платите на војската и полицијата и во јавниот сектор, како ни за поддршка на странските инвестиции, кои според Димовски го кренале просекот на платите во Македонија.

Претседателот на Собранието Цафери побара од Димовски, во согасност со членот 33 од Деловникот да обзани дали претендира да биде координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ бидејќи од тоа зависи времето што му е на располагање на говорницата.

Исто така Џафери забележа дека одговорноста за иднината на државата не е само кај оние кои ја формираат Владата тука кај сите кои на какво било начин носат одлуки, како што се сите пратеници и притоа ја поздрави одлукта на ВМРО ДПМНЕ да учествува во работата на Парламентот.

Џафери даде пауза до 15.15 часот



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.